Либискиот Парламент денеска се собра на вонредна седница поради се пожестоките борби меѓу спротивставените вооружени групи во земјата.
Пратениците се сретнаа во градот Тобрук, каде в понеделник треба да се одржи првата официјална седница на Парламентот.
Денешната седница е свикана поради судирите во главниот град Триполи и во градот Бенгази.
– Заседанието се одржува по барање на граѓаните за разгледување на вонредната ситуација во која се наоѓа земјата и која има потреба од итни решенија, изјави пратеникот Абу Бакр Бајра.
Судирите меѓу спротивставените вооружени групи траат веќе две недели поради контрола врз главниот аеродром во Триполи. Според здравствените власти, во борбите во Триполи и Бенгази само во последните седум дена загинале 179 лица.