Вонредна седница на британската Влада поради поплавите во северна Англија

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон претседаваше денеска со вонредната седница на Владата, посветена на реакцијата на властите на поплавите во северна Англија, за кои истакна дека се без преседан.

– Штотуку претседавав со седница на комитетот КОБРА, посветена на поплавите без преседан. Огромна благодарност до службите за итна реакција и до вооружените сили за големата работа која ја завршија, напиша Камерон на Твитер.

Се очекува подоцна денеска тој да ги посети најтешко погодените области.

– Им изразувам сочувство на настраданите, додаде тој и дополни оти ќе бидат испратени дополнителни војници во погодените региони.

Поројните дождови што изминативе денови ја зафатија северна Англија предизвикаа излевање на реките и поплави во повеќе области и населни места. Британската полиција соопшти дека ова се најголеми поплави во областа Јоркшир во последниве 70 години.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он