Вонреден самит на В4 за миграциската криза

Од:

Чешка на 15-ти февруари ќе биде домаќин на вонреден самит на Вишеградската група (В4), на што ќе се разгледуваат решенија за кризата со бегалците, најави на Твитер чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, лидерите на владите на Чешка, Словачка, Полска и Унгарија, на состанокот ќе разговараат за подобра заштита на Шенген зоната и ќе разгледуваат евентуално создавање на „резервна“ гранична линија во Бугарија и Македонија.

Три дена подоцна, ќе се одржи самитот на ЕУ посветен на миграцијата.
Последната средба на шефови на влади на Вишеградската четворка (В4) се одржа во почетокот на декември минатата година во чешкиот главен град.

Тогаш беше договорено дека сите предлози за создавање на т.н. мини-Шенген се неприфатливи. Претставниците на В4 се изјаснија и против други директни или индиректни обиди за ограничување на слободата на движење во рамките на Европската унија.

Минатата недела, чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек изјави дека Европа мора да има план Б во случај да не се случи намалување на приливот на бегалци.

Според него, во предвид доаѓа и поместување на граничните линии, кои ќе ги обезбедува Европа.

Најчесто се зборува за „резервна граница“ на линијата Бугарија – Македонија што според чешките политичари ќе значи де факто исклучување на Грција од Шенгенот.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море