„Волстрит журнал”: Републиканците ќе имаат тешкотии да го одржат мнозинството во Конгресот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека ќе биде тешко за Републиканската партија да го одржи мнозинството во двата дома на Конгресот по среднорочните избори закажани за есента 2026 година.

„Ќе видиме како ќе оди. Треба да победиме, но статистички ќе биде многу тешко да се победи. Ќе се обидеме да направиме сè што можеме“, рече тој во интервју за „Волстрит џурнал“.

Трамп, исто така, рече дека обезбедил инвестиции од повеќе милијарди долари за Соединетите Држави, но не знае „кога тие пари ќе бидат реализирани“.

„Ја создадов најголемата економија во историјата, но веројатно ќе биде потребно време луѓето да го разберат тоа“, додаде американскиот лидер.

Среднорочните избори за Конгресот на САД ќе се одржат на 3 ноември 2026 година. Целиот Претставнички дом (435 членови) и една третина од Сенатот (33 членови) се кандидираат за реизбор. И двата дома моментално се контролирани од републиканците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка