„Волстрит џурнал“: Трамп за малку ќе го разрешел шефот на Пентагон

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, имал намера да го разреши првиот човек на Пентагон, Марк Еспер, поради неговото одбивање да употреби воена сила за разбивање на протестните акции што деновиве се одвиваат во Вашингтон и низ земјата.

Весникот „Волстрит џурнал“ денеска објави дека конфликтот започнал на средба на врвот минатата недела кога Еспер истакнал дека војската треба да се ангажира само во крајни моменти, кога се друго нема да даде плод.

На претседателот Трамп ваквиот став не му се допаднал и започнал да се консултира со неколку советници за тоа дека сака да донесе одлука за отпуштање на шефот на Пентагон.

Советниците едвај и во последен момент го разубедиле Трамп од таква одлука, дознава весникот.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел