„Волстрит џурнал“: Трамп ги одобрува американските планови за напад врз Иран

Од:

Повикувајќи се на три извори од Белата куќа, „Волстрит џурнал“ објави дека американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на високите советници дека ги одобрува американските планови за напад врз Иран.

Доналд Трамп го одложи давањето на конечната наредба бидејќи чека информации од Техеран за тоа дали Иран ќе се откаже од својата нуклеарна програма.

Изворите за „Волстрит џурнал“ изјавија дека американскиот претседател се надева дека „заканата за приклучување кон израелските напади врз Иран ќе го принуди Техеран да се согласи со неговите барања“.

Трамп изјави дека одлуката за напад ќе биде донесена „во последната секунда“, а пред тоа беше и двосмислен пред новинарите:

„Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Танкерите користат нова рута во Ормутскиот теснец

Ројтерс: Внатрешните немири во Белата куќа ги обликуваат пораките на Трамп за војната со Иран

Анкета на CNN: Трамп се соочува со длабок јавен скептицизам во врска со војната со Иран

Во тек се индиректни преговори меѓу САД и Иран

„Њујорк тајмс“: Иран сè уште не е подготвен за преговори за завршување на војната

ИРГК објави: Нападнат е центарот на Амазон во Бахреин