ИРГК објави: Нападнат е центарот на Амазон во Бахреин

Од:

Иранската револуционерна гарда (ИРГК) денес соопшти дека го нападнала центарот за cloud computing на Amazon во Бахреин како одмазда за нападите врз Иран.

Според новинската агенција Тасним, ИРГК го повторила своето предупредување во соопштение дека доколку продолжат нападите врз iIran, целите ќе бидат американските компании за информатичка технологија и вештачка интелигенција, за кои вели дека се „главни фактори во следењето на целите и насочувањето на нападите врз Иран“.

„Но, очигледно ушите на заблудените владетели во Белата куќа се тешки и тие не го слушнале ова предупредување. Ние го одржавме нашето ветување и како одговор на вчерашните атентати, во продолжението на 90-тиот бран на операцијата „Вистинско ветување“, во првата акција против компаниите за шпионска технологија и терористички компании, центарот за cloud computing на Amazon во Бахреин беше нападнат и уништен“, соопшти ИРГК.

ИРГК предупреди дека доколку продолжат атентатите врз ирански функционери и други американски технолошки компании, тие ќе бидат „уште построго казнети“.

„Одговорноста за целосното уништување на овие компании во регионот е на самиот претседател на САД (Доналд Трамп)“, се вели во соопштението.

Министерството за внатрешни работи на Бахреин претходно соопшти дека екипите за цивилна заштита гасат пожар во објект на компанија по она што властите го опишаа како ирански напад.

Иранската Исламска револуционерна гарда во вторникот соопшти дека ќе започне со напади врз американските технолошки компании во регионот од 1 април, како одмазда за нападите врз Иран.

Меѓу 18-те американски компании што ИРГК соопшти дека ќе ги нападне се Microsoft, Google, Apple, Intel, IBM, Tesla, Boeing, Oracle и Meta.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

(ВИДЕО) Иран има што да каже за изборите: Американците и рекоа НЕ на војната

Катерина Ѓуровски

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Иранците ги напуштија преговорите за завршување на војната со САД

Катерина Ѓуровски