Волас: Можно е Русите во Украина да станат некој вид „растечки тумор“

Од:

Британскиот министер за одбрана, Бен Волас, денеска оцени дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал да ги оствари главните цели во Украина, предупредувајќи дека затоа би можел да и нареди на војската да ги зацврсти позициите во Украина и на тој начин да стане, како што рече, некаков „растечки тумор“.

Волас за „Скај њуз“ истакна дека Велика Британија поддржува целосно протерување на Русите од Украина, притоа не исклучувајќи поддршка на Киев за враќање на Крим што Русија го анектираше во 2014 година.

– Мислам дека Путин, бидејќи не успеа да ги оствари речиси сите свои цели, можеби ќе се обиде да го консолидира она што го има, на некој начин да го зацврсти и утврди, како што направи во 2014 година. И да стане некој вид канцероген тумор внатре во Украина, рече Волас.

Тој сугерираше дека Велика Британија ќе и испорача оружје на Украина што би можело да ги погоди руските поморски сили во Црното Море.

– Рековме дека ќе набавиме и ќе ги снабдиме, доколку можеме, со противбродски ракети. Мошне е важно житото, што влијае врз сите нас, врз цената на храната, да излезе од Украина. Таа не може да го контролира Црното Море. Не е веќе нивно. И затоа е важно да се обезбеди руските бродови да не се користат за бомбардирање на градовите, истакна Волас.

Тој нагласи дека би било легитимно на нишан на украинските сили да се најде и руската логистика, но наведе дека е малку веројатно за тоа да се користи британско оружје.

– Доколку Украина би избрала да цели логистичка инфраструктура на руската војска, тоа би било легитимно по меѓународното право. Тие моментално немаат британско оружје што би можело да го реализира тоа, така што е малку веројатно тоа да е наше оружје. Ние впрочем и немаме многу оружје со голем дострел, што се користи на начин како што тоа го прави нејзината армија, рече Волас.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков