Војската на Јужен Судан по грешка го потопила својот брод, 40 мртви

Од:

Војската на Јужен Судан соопшти дека во минатонеделниот „пријателски оган“ кога војската по грешка го гаѓала својот речен брод, кој потоа потонал во реката Нил, загинале 40 лица.

Портпаролот на војската Филип Агуер рече дека бројот на жртвите се зголемил на 40, во минатонеделниот инцидент додека бродот превезувал војници по реката Нил од Мелут ко Малакали во јужносуданската држава Горен Нил.

Војската покрена истрага откако екипажот на воениот брод не комуницирал јасно со војската за своите движења.

Командантот на бродот направи голема грешка. Бродот тргна доцна, немаше информации однапред за неговото поминување покрај станицата, а војската доби наредба да не се патува по 18 часот и да се вплови во најблиската станица и да се чека да се раздени, рече Агуер.

Војниците од копно истрелале предупредувачки куршум во воздух во средата минатата недела и кога бродот со 170 војници не се запрел во речниот контролен пункт во Лулу, силите на војската на Јужен Судан истрелале граната врз сопствениот брод и бродот потонал во реката.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска