Војската на Иран ја зајакнува борбената готовност

Од:

Иранската војска започна дводневни маневри чија цел е зајакнување на борбената готовност на вооружените сили и способноста за одбрана од евентуалени напади.

Државната телевизија извести дека во воена вежба, која се одвива на западниот дел на Иран, во близина со границиата со Ирак учествуваат копнени и воздушни единици на војската.

Маневрите се одвиваат во атмосфера на зголемена напнатост меѓу Техеран и Западот поради спорната иранска нуклеарна програма.

Израел се закани дека би можел да преземе воена акција доколку Иран не прифати да ја запре програмата за збогатување на ураниумот.

САД и нивните сојузници го обвинуваат Техеран дека зад тоа се крие, обид за производство на атомска бомба, што иранските власти го демантираат, тврдејќи дека програмата има исклучиво мирољубива цел.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава