Војна меѓу шведскиот и унгарскиот премиер на X: „Земјата ти е е во хаос! Скандалозни лаги!“

Од:

Шведскиот премиер Улф Кристерсон и неговиот унгарски колега Виктор Орбан денес разменија остри критики на X, социјална мрежа која во последните години стана сцена на идеолошки и политички дебати и конфликти не само меѓу обични и анонимни корисници, туку и меѓу националните лидери.

Судејќи според реакцијата, Орбан очигледно бил вознемирен од предавањата на Кристерсон за владеењето на правото во Унгарија и генерално „автократските“ тенденции од неговиот 15-годишен мандат како премиер, кои се спротивни на фундаменталните вредности на Европската Унија.

Унгарскиот премиер му одговори на својот шведски колега, кој исто така припаѓа на политичката десница, на следниов начин:

„Шведската влада ни држи предавања за владеењето на правото. Во меѓувреме, според статија во Die Welt, криминалните мрежи ги експлоатираат шведските деца како убијци, знаејќи дека системот нема да ги осуди. Земја некогаш позната по редот и безбедноста сега се урива: повеќе од 280 малолетни девојчиња се уапсени за убиство, семејствата живеат во страв. Тоа е срцекршачко. Шведскиот народ заслужува подобро!“.

Орбан, исто така, објави видео во кое објаснува како „во Шведска повеќе нема закон и ред, туку варварство“, бидејќи го следи ова веќе 15 години, и како „Шведска се отпиша од цивилизацијата“. „Патем, ова се Швеѓаните кои ни даваат лекции за владеење на правото“, заклучи Орбан.

Кристерсон го сподели твитот на Орбан на X и одговори со следново: „Ова се скандалозни лаги. Не е изненадувачки што доаѓаат од човек кој го уништува владеењето на правото во сопствената земја. Орбан е очаен пред претстојните унгарски избори“.

Германскиот конзервативен дневен весник Die Welt навистина објави статија пред неколку дена за тоа како шведските криминални банди ги експлоатираат малолетниците за да извршат кривични дела, но информациите за „280 малолетни девојки уапсени за убиство“ беа измислени.

„Минатата година, приближно 280 девојчиња на возраст меѓу 15 и 17 години беа под истрага во Шведска за убиство, убиство од небрежност или други насилни кривични дела. Не е познато кои од овие кривични дела биле поврзани со организиран криминал“, објавува Die Welt .

Орбан се соочува со парламентарни избори следниот април, а анкетите досега не покажуваат дека ќе освои уште еден мандат. Кристерсон се соочува и со избори во септември 2026 година. Неговата партија исто така не се справува добро на анкетите.

Би можело да ве интересира

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Горан Наумовски

Сијарто: Брисел мора да престане со двојните стандарди кон Унгарија

Време е Урсула фон дер Лајен да се спакува и тивко да си оди дома, вели Орбан

Горан Наумовски

Орбан: Членството во ЕУ се темели на заслуги, а не на безбедносни гаранции

Горан Наумовски

Виктор Орбан: Политиката за миграција на Европската Комисија е неприфатлива

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија