Вселенското летало „Војаџер 1“ го напушти Сончевиот систем, со што стана првиот направен од човек објект што влегол во меѓуѕвездениот простор, соопшти НАСА.
Соопштението е врз основа на нова анализа на податоците, предадени од вселенското летало, објави американското списание „Сајанс“.
– Сега, кога веќе ги имаме овие клучни податоци, сметаме дека човештвото направи историски чекор за влегување во меѓуѕвездениот простор, изјави Ед Стоун, раководител на научната програма на вселенската мисија во Институтот за технологија во Калифорнија.
Според астрофизичарите „Војаџер“, кој моментално се наоѓа на над 18 милијарди километри од Сонцето е излезен од граничната зона на Сончевиот систем и продолжува со своето патување.
„Војаџер“ своето патување го почна на 5 септември 1977 година со задача да ги истражува планетите во Сончевиот систем.