Воените почести со молдавската премиерка Меркел ги следеше седејќи

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повторно седеше додека се интонираше националната химна, по трите неодамнешни инциденти во кои нејзиноѕто тело неконтролирано се тресеше додека стоеше на слични настани.

Денеска за Меркел и нејзината колешка од Молдавија, премиерката Маја Санда, беа поставени столчиња, што е необичен аранжман, што првпат беше востановен во четвртокот, кога новата премиерка на Данска ја посети Германија, еден ден по последниот случај на тресење на Меркел.

Денеска канцеларката не покажуваше знаци на несигурност.

Германската канцеларка, која утре ќе наполни 65 години, навести дека психолошкото влијание од првата епизода, кон средината на јуни, е одговорно за дополнителните инциденти и додаде дека „ќе мора да живее со тоа некое време“, но дека нема причина за загриженост.

Меркел во изминатиот период не откажа ниту една од своите планирани активности.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски