Воени бродови на САД се упатија кон Либија

Од:

Два воени бродови на американската морнарица се упатија кон водите на Либија, по убиството на амбасадорот на САД во нападот на исламистички екстремисти на американскиот конзулат во Бенгази.

„Два воени брода ќе се закотват недалеку од брегот на Либија, но само како превентивна мерка“, изјави анонимно воено лице и додаде дека испраќањето на бродовите не значи и воена операција.

Разурнувачот Ју-Ес-Ес Лабун веќе се приближил до либискиот брег, додека Ју-Ес-Eс МакФол е на пат кон Либија и во близина на брегот на оваа земја ќе пристигне за неколку денови.

Бродовите засега немаат одредена мисија.

Американскиот претседател Барак Обама нареди подигнување на нивото на безбедност кај сите американски дипломатски мисии.

 

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД