Воената интервенција на САД против ИД досега изнесува околу една милијарда долари

Од:

Интервенциите на американската армија против групата Исламска држава (ИД) досега изнесуваат околу една милијарда долари и веројатно ќе достигнат сума од 2,4 до 3,8 милијарди долари годишно доколку офанзивата продолжи со досегашното темпо, покажува анализата на невладината организација Центар за стратешки и буџетски оценки.

Организацијата оценува дека трошоците би можеле да се зголемат и меѓу 13 и 22 милијарди долари годишно, доколку воените дејствија се зајакнат.

– Идните трошоци до голем степен зависат од тоа колку долго ќе траат операциите, колку е стабилно нивото на воздушните напади и дали ќе бидат распоредени дополнителни копнени сили, што е веќе планирано, се наведува во вчера објавената анализа.

Минатата недела американскиот министер за одбрана Чак Хејгел истакна дека Пентагон троши за операциите против ИД околу седум до 10 милиони долари дневно, сметајќи од 16 јуни, кога распореди свои војници, за да ја следат работата на ирачката војска и да ги советуваат нејзините команданти.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски