Погребот на Маргарет Тачер

Од:

Велика Британија денеска во присуство на повеќе од 2.000 светски државници, ќе се прости од покојната премиерка Маргарет Тачер со поделени чувства и оцени за наследството на првата жена премиер на британска влада.

Погребната церемонија на Челичната Лејди е најголема почест која е дадена на еден официјален претставник во новата историја на Британија.

Пријателите на баронесата Тачер биле „изненадени и разочарани“ кога дознале дека американскиот претседател Барак Обама не испраќа ниту еден претставник од актуелната администрација и оти наместо тоа, таа чест им ја препушта на двајца
поранешни државни секретари Џејмс Бејкер и Џорџ Шулц, јавуваат британски медиуми.

Со одлука на британската кралица да присуствува на погребот, таа церемонија е практично издигната во ранг на погреб со државни почести, а таа чест не е дадена на ниту еден политичар од смртта на Винстон Черчил во 1965 година.

Истовремено, лондонската полиција се подготвува за протести најавени за време на погребот. Противниците најавија дека ќе фрлаат врз нејзиниот ковчег јајца, јаглен и млеко ако успеат доволно да се приближат или само ќе свртат грб на погребната поворка облечени во црвени маици со цел да покажат непочитување пред милионскиот тв-аудиториум.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он