(ВО ЖИВО) Бејрут: судир меѓу полицијата и гневните демонстранти кои бараат одговори за експлозијата

Од:

Полицијата денеска фрли солзавец на демонстрантите во Бејрут кои се обиделе да се пробијат низ ограда за да стигнат до зградата на Парламентот, на протестот кој избувна поради револтот на граѓаните од владините реакции на катастрофалната експлозија која одзеде над 150 животи и остави 300.000 луѓе без домовите.

Околу 5.000 луѓе се собраа попладнево на централниот плоштад во либанскиот главен град, а некои фрлаат со камења кон полицијата која ја чува зградата на Парламентот.

Демонстрантите извикуваат: „Луѓето сакаат режимот да падне“.

Во експлозијата во пристаништето во Бејрут загинаа 158 лица, беа повредени над 6.000 луѓе, а оштетени се згради во голем дел од градот. Владата вети дека одговорните ќе ги изведат пред лицето на правдата, но меѓународни организации повикаа на независна истрага, со оглед на високото ниво на корупција во политичкиот и во судскиот систем на земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

ВИДЕО: Демонстрантите во Нови Сад удираат и понижуваат постара жена

И со покачување од 30 проценти ќе бидеме под просечната плата – протест на вработените во седум министерства и неколку институции

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието