Бројот на жртвите од земјотресот што го погоди индонезискиот остров Ломбок на почетокот од месецот, се искачи над 430 луѓе, додека материјалната штета се проценува на неколку стотина милиони долари.
– Во земјотресот од 5 август загинаа 436 лица, од кои поголемиот број беа усмртени по уривањето на станбените објекти, се посочува во соопштението на индонезиската Агенција за катастрофи.
Земјотресот предизвика и голема штета на инфраструктурата и домаќинствата, што се проценува на пет трилиони индонезиски рупии (342 милиони долари).