Во здружена полициска акција во Централна Америка уапсени над 700 криминалци

Од:

Полициите на Салвадор, Гватемала и Хондурас, со помош на американските безбедносни служби, уапсија повеќе од 700 членови на меѓународни криминални организации, главно членови на двата најмоќни нарко картели во Централна Америка: „МС-13“ и „18-та улица“, соопшти американското Министерство за правда.

-Министерството за правда на САД и нашите полициски партнери од Централна Америка се посветени на продолжување на соработката во лоцирање и апсење на членовите на криминалните кланови и нивни соработници, кои се занимаваат со прекугранични криминални активности“, изјави американскиот државен обвинител (министер за правда), Вилијам Бар, пренесен од британските медиуми.

Врвен приритет на сегашниот американски претседател, Донад Трамп, беше справувањето со прекугранична мрежа за нелегална трговија со луѓе.

Неколкуте стотини членови на криминални кланови се уапсени под обвинение за тероризам, убиство, изнуда, киднапирање, перење пари, криумчарење и трговија со луѓе.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,2 степени во Гватемала

Уличните банди стојат зад бунтот во затворот и масовното убиство во Хондурас

Најмалку 41 лице загина во бунт во женски затвор во Хондурас

Хондурас ги прекина врските со Тајван и отвори амбасада во Кина

Ана Ололовска

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

Хондурас поради проблеми со бандите суспендираше некои уставни права