Завојуваните страни во Либија ќе ги обноват во вторник преговорите под закрила на ОН за да се намалат тензиите од борбата за власт во таа држава. Тоа синоќа го изјавија официјални извори од двата спротиставени табора, но не открија каде ќе се одржат разговорите.
Либија е во хаос откако во бунт со поддршка од НАТО од власт беше симнат Моамер Гадафи пред околу четири години.
Во моментот државата има две конкурентски влади кои напоредно исполнуваат обврски. Минатиот месец ОН успеаја во Женева да донесат некои од членовите на фракциите, но парламентот во Триполи познат и како Генерален национален конгрес побара дијалогот да се води во Либија.
Меѓународната призната влада на Либија предводена од премиерот Абдулах ал Тани и Претставничкиот дом се во источниот дел од државата откако група наречена Либиска зора, го зазеде минатото лето Триполи и состави своја влада и го врати стариот парламент.