Во вооружена пресметка на две паравоени групи во Бенгази најмалку 24 загинати

Од:

Најмалку 24 лица се убиени,а повеќе од 120 други,се повредени во вооружената пресметка што избувна вчера во Бенгази,на истокот од Либија. Судирите избувнаа откако припадниците на милицијата што ја предводи,Халифа Хафтар,поранешен генерал на либиската армија во времето на Моамер Гадафи,ја нападнаа исламистичката милиција во овој,втор по големина либиски град.

Локалните медиуми јавуваат дека владините трупи се вклучиле во борбата,учествувајќи во нападот врз исламистите,но привремениот премиер Абдулах ал Тини ја осуди целата операција. Во изјава за медиумите во Триполи,нападот врз исламистичката група тој го означи како погрешен како „пуч против револуцијата“.

Либиските политичари и разните вооружени милиции,продолжуваат со своите меѓусебни пресметки и после три години од соборувањето на Гадафи.

Владата во Триполи се уште нема сили за да воспостави контрола врз целата територија на земјата,а тоа посебно и е тешко кога станува збор за истокот на Либија.

Бенгази,каде протестите од пред три години беа искористени за странската интервенција,со чија помош беше соборен Гадафи,останува град на безвластие,на постојани судирања на армиските сили и на исламистите и важи за крајно несигурно и опасно место за живеење.

Привремениот премиер Ал Тини тврди дека владата не издала налог за вчерашниот напад врз исламистичката милиција во Бенгази,но сведоци тврдат дека нивната база во градот била нападната со хеликоптери и со воени авиони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски