Во Висконсин почна пребројувањето на гласовите од претседателските избори во САД

Од:

Изборната комисија на американската сојузна држава Висконсин соопшти дека синоќа ја добила петицијата на претседателскиот кандидат на Зелената партија, Џил Стајн, со која се бара преборјување на гласовите од изборите за претседател на САД, по што го започнала процесот на проверка на гласачкиот процес.

Стајн вчера соопшти дека собрала 3,5 милиони долари за нејзината иницијатива за отпочнување процедурата за повторно пребројување на гласовите од претседателските избори во САД од 8 ноември во државите Висконсин, Мичиген и Пенсилванија.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во овие три држави победи со мала разлика во гласовите пред демократската кандидатка Хилари Клинтон.

Стајн се надева дека ќе успее да собере вкупно 4,5 милиони долари, за да може да поднесе барање за повторно пребројување и во државите Пенсилванија и Мичиген, пред завршувањето на крајниот рок во понеделник, односно во среда.

Стајн го бара ова пребројување затоа што, според компјутерски експерти, имало статистички недостатоци во пребројувањето на гласовите во сите три држави.

– Од тие причини и се добија неочекуваните резултати од изборите и аномалиите за кои се зборува. Тие треба да се истражат пред да бидат соопштени официјалните резултати. Заслужуваме избори на кои можеме да им веруваме, рече Стајн во средата.

Си-Ен-Ен вчера оцени дека  е потребна „квалитетна проверка“ дека се било регуларно со изборите, за да се отстранат сомневањата во гласачкиот процес за претседателските избори во Висконсин, Пенсилванија и Мичиген.

Според оваа американска телевизија, тоа не значи дека се става под сомнеж изборната победа на Трамп, но повеќе американски медиуми сметаат дека работите мора да се проверат, особено што уште пред изборите постоеја реални сомнежи за хакерски упади, како и стравување дека руски хакери би можеле да се замешаат во гласањето.

Во овие три сојузни држави не се гласаше со уфрлање на ливче во гласачки кутии, туку преку специјални компјутерски гласачки машини и во сите три неочекувано победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Комјутерски експерти изразија сомнеж дека гласачките машини биле хакирани. Тие сепак велат дека во овој момент, нема докази оти имало хакирање и дека победата на Трамп во овие сојузни држави е резултат само на таквиот упад.

Во Висконсин Трамп победи само со 22 илјади гласови повеќе или со разлика од еден отсто. Пред изборите сите прогнози навестуваа сигурна победа на Хилари Клинтон во Висконсин, каде на последните седум изборни циклуси редовно победуваат демократите.

Доколку се покаже точно сомневањето за хакирање и се поништи гласањето, Трамп би загубил десет електорски гласови, што нема да ја изменат вкупната позиција на двајцата кандидати.

Ситуацијата може да се измени само ако се утврди хакирање и врз гласачките машини во Пенсилванија и во Мичиген.

Изборниот штаб на Клинтон засега не ги коментираше сомнежите на експертите и на медиумите, како ни иницијативата за пребројување на гласовите.

Никаков коментар нема ниту од Трамп, кој пред гласањето на 8 ноември, предупредуваше дека нема да ги признае изборите, доколку не победи.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас