Во Виена утре ќе се одржи конференција за борбата против тероризмот

Од:

По иницијатива на австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микал Лајтнер и министерот за надворешни работи Себастијан Курц, утре во Виена ќе се одржи конференција за борбата против тероризмот со учество на државни претставници од Западен Балкан.

– Западниот Балкан се важна транзитна маршрута како и седиште за врбување на т.н. странски борци, се вели во соопштение за форумот на тема – Заеднички акции против џихадизмот.

ЕУ ќе ја претставува еврокомесарот за  миграциски прашања Димитрис Аврамопулос, координаторот на ЕУ за борба со тероризам Жил де Кершов, директорот на агенцијата на ЕУ за основни права Мортен Керум и заменикот директор на Европол, Олдржих Мартину.

На форумот ќе земат учество министри од Србија, Албанија, БиХ, Косово, Хрватска, Македонија и Црна Гора како и од Словенија.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Србин е уапсен во Австрија за силување жена