Во Виена се одржува конференција за борбата против тероризмот

Од:

По иницијатива на австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микал Лајтнер и министерот за надворешни работи Себастијан Курц, денеска во Виена се одржува конференција за борбата против тероризмот со учество на државни претставници од Западен Балкан.

„Западниот Балкан е важна транзитна маршрута како и седиште за врбување на таканаречени странски борци“, се вели во соопштението за форумот на тема – Заеднички акции против џихадизмот.

ЕУ на овој форум ја претставува еврокомесарот за  миграциски прашања Димитрис Аврамопулос, координаторот на ЕУ за борба со тероризмот Жил де Кершоф, директорот на агенцијата на ЕУ за основни права Мортен Керум и заменик директорот на Европол, Олдржих Мартину.

На форумот ќе учествуваат и министри од Србија, Албанија, БиХ, Косово, Хрватска, Македонија и Црна Гора како и од Словенија.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Србин е уапсен во Австрија за силување жена