Во Велика Британија вакцинирани повеќе од 30 милиони луѓе

Од:

Повеќе од 30 милиони луѓе во Велика Британија досега примиле прва доза од вакцината против Ковид-19.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок на социјалните мрежи оцени дека ова е „феноменално достигнување“.

Според Англиската здравствена служба, првата доза на вакцината била дадена на 25.651.406 лица во Англија. Во Шкотска, првата доза на вакцината ја примиле 2.385.709 лица, во Велс 1.387.583 и во Северна Ирска 726.589 лица.

Вкупниот број на луѓе кои ја примиле првата доза на вакцина во Велика Британија е 30.151.287.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Два милиона Британци страдаат од долгорочен Ковид

Објавен извештајот за „партигејт“

Британија подготвува есенска кампања за зајакнување на имунитетот против Ковид-19

Борис Џонсон меѓу казнетите за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот