Во Велика Британија штрајк на над милиони работници во јавниот сектор

Од:

Над милион работници во јавниот сектор почнаа денеска штрајк во Велика Британија поради намалување на платите и трошоците од страна на владата, воведени како дел од програмата за штедење, објавија синдикатите.

Штрајкот, најголем откако коалициската Влада на премиерот Дејвид Камерон ја презеде власта во 2010 година, опфаќа голем број работици, од наставници и државни службеници до хигиеничарки и лица кои работат на одржување на паркови.

Серија протести се планирани ширум Велика Британија, вклучувајќи и еден во централниот дел на Лондон, кој ќе заврши со митинг на Трафалгар сквер.

Како дел од настојувањата да се избалансираат јавните финансии, Владата на Камерон ги замрзна платите во јавниот сектор во 2010 година на две години и оттогаш го ограничи зголемувањето на платите на еден отсто годишно. 

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он