Во Триполи прогласена вонредна состојба

Од:

Меѓународно признаената Влада на Либија прогласи вонредна состојба во Триполи и неговата околина откако во повеќедневните судири загинаа 39 луѓе.

Борбите за контрола на Триполи почнаа минатата недела помеѓу вооружени групи од градот и од едно населено место јужно од главниот град.

Според податоци на либиското Министерство за здравство во судирите повредени се 96 луѓе.

Владата преку соопштение ги повикува непријателските групи да го прекинат насилството и да го почитуваат примирјето, договорено со посредство на Обединети нации.

Во Либија владее хаос од бунтот во 2011 година, кога е соборен, а потоа и убиен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи.

Со земјата сега управуваат две спротиставени влади, една со седиште во Триполи, а другата во Тобрук, источниот дел на земјата. И двете влади имаат поддршка од бројни вооружени групи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски