Во Токио се одржува 23. Самит Јапонија – ЕУ

Од:

Претставници на Јапонија и на Европската унија на денешната средба во Токио преговараат за стратешко партнерство и за склучување на договор за слободна трговија. Тоа е 23. Самит Јапонија – ЕУ.

Европската делегација ја сочинуваат претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, како и еврокомесарката за трговија Сесилија Малстром и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Јапонија е претставена од Шинѕо Абе.

Двете страни истакнаа дека сакаат да се забрза темпото на преговори за договорот за слободна трговија. Првиот круг преговори беше во 2013 година.

Токио најмногу е заинтересиран за укинување на високите царини за јапонските автомобили (10 проценти) и за електронските прооизводи (14 производи). За договорот за слободна трговија е заинтересиран и Брисел бидејќи претпоставуваат дека со договорот извозот на европски артикли за Јапонија ќе се зголеми за околу 30 проценти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне