Во Тексас нема доволно струја, властите ги замолија граѓаните да не пуштаат шпорети

Од:

Управата на компанијата-дистрибутер на струја во американската сојузна држава Тексас ги замоли граѓаните да ги наштелуваат термометрите на 25,5 степени или повеќе, да ги исклучат светлата и пумпите за базени и целосно да избегнуваат вклучување на големи потрошувачи како што се рерни, машини за перење и сушење алишта.

Барањето доаѓа со зголемувањето на темпаратурите, а со цел електромрежите да останат стабилни бидејќи имаат проблем да генерираат доволно електрична енергија.

Молбата на електродистрибуција ги потсети жителите на Тексас на зимата, кога 4,8 милиони жители на оваа американска држава останаа без струја поради снежна бура, потсетува Гардијан.

Медиумите известуваат дека до крајот на неделата, можни се рестрикции во Тексас.

– Очигледно се движиме кон климатски промени кои ќе донесат повеќе екстремни суши и посилни урагани, кои вршат притисок врз електромрежата. Неделава видовме дека електромрежата во Тексас е едвај подготвена за времето кое е топло за јуни, но веројатно ќе биде уште пожешко во јули и август, изјави Ден Коан, електроинженер и професор на универзитетот Рајс.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он