Во тек изградбата на првото минаре во Данска крај градбата на Големата џамија во северозападниот дел на Копенхаген, јави дописникот на МИА.
Но, молитви преку звучник од минарето што ќе биде високо 20 метри нема да има. Тоа беше одлука на политичарите во Општинскиот совет на данската престолнина, кога била одобрена дозвола за изградба на минарето.
– Не би било добро да се повикува на молитва во Данска. Едно минаре треба да биде приспособено на општеството каде што е изградено, така што данско минаре е различно од, на пример, едно мароканско или египетско, вели Мохамед ал Маимоуни, член на Данскиот исламски совет, кој раководи со проектот на изградба на минарето.
Изградбата на џамија во Копенхаген беше овозможено со донација од Катар од 150 милиони дански круни (околу 20 милиони евра), а официјално отворање се очекува по неколку месеци, јави Данското радио.