Во Тајланд зголемено нивото на безбедост на места каде што има поголеми групи луѓе

Од:

Тајландските безбедносни сили од денеска го зголемија нивото на готовност на местата каде што се собираат повеќе луѓе.

Безбедносната тревога доаѓа по сознанијата на разузнавачите од САД кои на властите им пренеле дека милитантни групи поврзани со Исламската држава подготвуваат серија терористички напади во Бангкок и познатите туристички центри Пукет и Патаја.

Заменикот министер за внатрешни работи, генерал Сривара изјави дека домашните разузнавачи немаат најдено докази за подготвеноста на ИД да напаѓа и во Тајланд, но безбедносните сили ќе делуваат превентивно за да се спречи ризикот.

Медиумите во Тајланд шпекулираат дека можни извршители на терористички напади се припадници на муслиманското племе Уигру, чии борци за независност од Кина се обидуваа да емигрираат во Сирија преку Тајланд, а еден дел од нив беа вратени во Кина.

Радикалните припадници на племето Уигру извршија терористички напад во еден будистички храм во Бангкок минатата пролет, при што загинаа 108 лица.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска