Во светот денеска 581.000 нови ковид-случаи, најмногу досега во еден ден

Од:

Во последните 24 часа во светот се потврдени 581.000 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, вкупниот број на заразени на глобално ниво се искачи на 48,53 милиони. Бројот на смртни случаи во изминатиот ден се зголеми за 8.000, на 1,23 милиони.

Од вкупниот број новозаразени, половина се евидентирани во Европа, 308.876. Следат Јужна и Северна Америка со 167.031 и Југоисточна Азија со 61.831 нови случаи.

Најмногу инфицирани од почетокот на пандемијата се регистрирани во САД – 9,38 милиони. Следува Индија со 8,4 и Бразил со 5,5 милиони случаи на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана