Програмата за развој на Обединетите нации (ООН) наведува дека децата под пет години сочинуваат најголем број жртви, а 170 од нив умираат секој ден.
Обединетите нации соопштија дека во судирите во североисточна Нигерија, заклучно со 2020 година загинале 350.000 лица.
Бројот на жртви објавени од Програмата за развој на ООН (УНДП) во новата студија е десет пати поголем од претходната проценка на околу 35.000, заснована само на податоци за бројот на убиени во борбите во Нигерија од почетокот на конфликтот пред 12 години.
„Вкупниот број човечки жртви во војната е многу поголем, многу повеќе настрадаа од индиректните ефекти на конфликтот“, соопшти УНДП во извештајот објавен заедно со нигериското Министерство за финансии.
Ако конфликтот продолжи до 2030 година, повеќе од 1,1 милиони луѓе би можеле да настрадаат, предупредуваат од ООН.
Војната на Нигерија со бунтовниците од групите Боко Харам и Исламска држава Ирак и ИСИЛ во Западна Африка предизвика една од најлошите хуманитарни кризи во светот.
Милиони луѓе зависат од меѓународната помош во конфликтот што не покажува знаци дека може да заврши наскоро.