Во судирите со азербејџанските сили загинале 20 војници на Нагорно Карабах

Од:

Во судирите со азербејџанските воени сили во изминатите три дена во Нагорно Карабах се убиени 20 припадници на локалната војска на Нагорно Карабах, а ранети уште 72 војници, објави денеска ерменската телевизија повикувајќи се на воени извори, пренесени од британските медиуми.

Министерството за одбрана на Азербејџан претходно денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во борбите во  сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах погинале тројца нивни војници.

Нагорно-Карабах е под контрола на локалните сили на етничките Ерменци и ерменската војска уште од завршувањето на војната во 1994 година, која не донесе никакво разрешување на статусот на овој регион.

Борбите повторно се  распламтија во текот на изминатиот  викенд, при што во саботата на двете страни имаше вкупно 30 загинати борци, како и едно дете.

Азербејџан во неделата прогласи еднострано  примирје, но бунтовниците во Нагорно-Карабах тврдат дека нивните позиции, и покрај тоа, биле изложени на напади.

Би можело да ве интересира

Ново пукање на границата на Ерменија и Азербејџан, најмалку тројца војници се ранети

Ана Ололовска

Повеќе од 200 убиени во судирите меѓу Ерменија и Азербејџан

А1он

Блинкен изрази длабока загриженост до Алијев и Пашињан поради повторните судири меѓу двете земји

Ана Ололовска

Чавушоглу: Ерменија да престане да го провоцира Азербејџан

А1он

Гранатирани позиции на азербејџанската армија распоредени на границата со Ерменија

Ана Ололовска

Азербејџан ги повлече своите сили од Фурух во Нагорно-Карабах, соопшти руското МО

Ана Ололовска