Во судири на Западниот Брег убиени двајца Палестинци и израелски офицер

Од:

Три лица, од кои двајца Палестинци и еден израелски офицер, загинаа денеска во размена на оган во близина на преминот меѓу Израел и палестинскиот град Џенин, на окупираниот Западен Брег, соопштија палестинското Министерство за здравство и израелската армија.

Израелската војска соопшти дека офицерот бил убиен во размена на оган додека „двајца осомничени се приближувале“ до преминот во близина на Џенин, на Западниот Брег.

Палестинското министерство во Рамала ја потврди смртта на „две млади момчиња“ за време на судирите.

Засега не се соопштуваат други детали за инцидентот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа