Во судири меѓу либиските милиции загинаа 78 лица, а 1.000 се повредени

Од:

Во вчерашните судири меѓу либиските милиции во Триполи најмалку 78 лица загинаа и над 1.000 се повредени, соопштија денеска локалните здравствени власти, цитирани од ДПА.

Судирите избувнаа вчераутро во квартовите Абу Слим, Хадба и Салаедин, каде се разместени тенкови и тешки орудија, а борбите стивнаа дури вечерта

Пратеникот на ОН за Либија, Мартин Коблер, ги повика непријателските фракции да се воздржат од насилство и да побараат политичко решение.

-Гласот на разумот треба да надвладее во интерес на земјата, треба да се заштити цивилното население, се наведува во неговата изјава, цитирана од француските медиуми.

Судирите вчера почнаа околу комплекс од повеќе луксузни вили, што служеле како штаб на милициите верни на Халифа Гвејл, поранешниот лидер на непризнатата Влада на национално единство, што беше отфрлена по составувањето на Владата на национална согласност.

Вооружена група, лојална на владата на националното единство, поддржана од меѓународната заедница, зазеде затвор во јужниот дел на Триполи, каде се затворени водечки личности од поранешниот режим на Моамер Гадафи.

Доцна вечерта, министерствата за внатрешни работи и за правда прецизираа дека сите затвореници им се предадени. Тие се во добра здравствена состојба и се префрлени на безбедно место.

Меѓународно признатата Влада на национална согласност, која, исто така, не успеја да наметне целосна контрола врз Триполи, го обвини Гвејл и лидерот на една од милициите, Салах Бади, дека се одговорни за судирите во предвечерието на Рамазан. Двајцата, родум од градот Мисрата, во западна Либија, беа водачи на милициите од коалицијата Фаџр Либија, која власта во Триполи ја зазеде во 2014 година.

Силите, лојални на Владата на националното единство, денеска изразија жалење за 52-та смртни случаи во нивните редови во насилството од предходниот ден во Триполи, соопштувајќи дека го одбиле нападот на непријателските групи, пренесоа француските меидуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски