Во Судан уапсени двајца видни опозиционери поради обединување на сили против режимот

Од:

Суданските сили за безбедност уапсија двајца опозициски лидери синоќа неколку дена откако потпишаа договор за обединување на силите за спротиставување на претседателот Омар Хасан ал Башир.

Седик Јусеф од Националните сили на консензусот во која се главните опозициски партии, изјави за западни медиуми дека лидерот Фарук Абу Иса (81) и адвокатот Амин Меки (71) биле приведени.

Широк круг опозиционери потпишаа во средата договор за унија со која ќе имаат заеднички позиции во мировните преговори со владата што се одржуваат во Адис Абеба, главен град на соседна Етиопија.

Владин портпарол изјави по потпишувањето на договорот дека „некој ќе ја плати цената“ за соработката со бунтовниците. Во моментот владата преговара за прекин на конфликтот со Суданското народно-ослободително движење – Север кое дејствува во Јужен Кордофан.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска