Во Судан, со стотици убиени и илјадници ранети, конфликтот не покажува знаци на намалување

Од:

Суданците очекуваат повеќе крвопролевање откако завојуваните страни меѓусебно се обвинија за прекршување на договорот за прекин на огнот, повеќе од две недели од конфликтот, кој не покажува знаци на намалување.

Стотици луѓе се убиени, а илјадници се ранети откако долготрајната борба за превласт во земјата меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) ескалира во конфликт на 15 април. Насилството го потресе главниот град Картум и западната провинција Дарфур и покрај бројните ветувања за прекин на огнот.

Армијата и РСФ заедно ја соборија владата со државен удар во 2021 година, но сега тие се борат меѓусебно за моќ, го запираат процесот на транзиција кон демократија и се закануваат да го дестабилизираат кревкиот регион. Двете страни рекоа дека официјалниот прекин на огнот, кој требаше да истече на полноќ, ќе биде продолжен за дополнителни 72 часа, што РСФ го нарече одговор на меѓународните, регионалните и локалните апели.

Војската рече дека се надева дека бунтовниците ќе го почитуваат договорот, но веруваат дека имаат намера да продолжат со нападите. Најмалку 528 лица загинаа, а 4.599 се ранети, соопшти Министерството за здравство. Обединетите нации забележаа сличен број на загинати, но веруваат дека реалната бројка е многу поголема.

Конфликтот предизвика страв од граѓанска војна, принуди десетици илјади луѓе да побегнат во соседните земји и го запре процесот на транзиција, кој е поддржан од меѓународната заедница, а чија цел е формирање демократска влада.

Армискиот началник генерал Абдел Фатах ал-Бурхан рече дека никогаш нема да седне на маса со шефот на РСФ, генерал Мохамед Хамдан Дагал, познат и како Хемедти, кој рече дека ќе разговара само откако армијата ќе ги заврши непријателствата.

Во главниот град Картум, армијата се бори против силите на РСФ, утврдени во станбени области. Припадниците на поагилната РСФ досега се шират низ градот додека подобро опремената армија се обидува да ги гаѓа од воздух со беспилотни летала или борбени авиони.

Конфликтот испрати десетици илјади луѓе преку границите на Судан и предизвика стравувања дека земјата може да пропадне, дестабилизирајќи го регионот, што ги натера странските влади да ги евакуираат своите државјани.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска