Во Судан прогласено тридневно примирје

Од:

Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) денеска објавија дека се согласиле на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини.

Според извештаите, прекинот на огнот стапил во сила денеска во 6 часот по локално време и се совпаѓа со муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, пренесува Ројтерс.

„Примирјето се совпаѓа со благословениот Рамазан Бајрам со цел да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните и да им се даде можност да ги поздрават своите семејства“, се вели во соопштението на РСФ.

Во судирите меѓу суданската армија и РСФ досега се убиени повеќе од 600 луѓе, соопшти вчера суданското Министерство за здравство.

Во Судан од саботата траат судирите, кои избувнаа по неколкудневна тензија околу начините за транзиција на земјата во цивилно владеење, потсетува Ројтерс.

Еден од главните проблеми е планот за интегрирање на РСФ со своите 100.000 членови во суданската армија и назначувањето на лидерот на новите воени сили. Договорот требаше да биде потпишан на почетокот на април.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска