Во Судан постигнат договор за поделба на власта

Од:

Амбасадорот на Африканска унија за Судан, Мохамед ел Хасан Лебат денеска изјави дека лидерите на опозицискиот сојуз и владејачкиот воен совет постигнаа договор за поделба на власта.

Тој наведе дека двете страни се договориле за тоа да биде усвоена уставна декларација со која се дефинира разграничување на овласувањата за време на тригодишниот транзициски период пред да бидат одржани избори.

Лебат не изнесе повеќе детали ниту навести кога ќе биде потпишан договорот.

Суданската државна новинска агенција СУНА ја пренесе изјавата на лидерот на опозицијата Омар ал Дагир, кој наведе дека договорот ќе биде потпишан утре.

Во Судан од април се одржуваат протести за тоа дали во транзицискиот период со земјата ќе управува цивилна или воена власт, откако армијата го смени и затвори долгогодишниот претседател Омар ал Башар.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска