Во Судан ослободени сите политички затвореници

Од:

Суданската национална разузнавачка агенција и безбедносната служба соопштија денеска дека од затвор се ослободени сите политички затвореници ширум земјата.

Информацијата доаѓа откако во јавноста беше објавена веста дека претседателот Омар ал Башар е принуден да поднесе оставка по три децении на власт.

Претходно, западните меидуми информираа дека Ал Башар поднел оставка и оти во тек се преговори за формирање преодна влада. Суданскиот министер за производство и стопански ресурси во Северен дарфур Адел Маџуб Хусеин изјави дека се водат „консултации за основање воен совет, кој ќе ја преземе власта по повлекувањето на Ал Башар од должноста.

Судански извори за западни агенции изјавија дека Ал Башар се наоѓа во претседателската резиденција под „силна стража“.

Војската најави дека наскоро ќе објави соопштение во кое ќе информира за текот на настаните, а нејзини припадници се распоредени во Картум. Тие се распоредени околу Министерството за одбрана и важните сообрачајници и мостови, додека илјадници луѓе се собраа на антивладини протести.

Очевидци јавуваат дека илјадници Суданци се на улиците на Картум, каде пејат и извикуваат пораки против Ал Башар. „Падна, победивме“, извикуваат тие

Државната телевизија и радио-станиците емитуваат патриотски песни, на кои повозрасните Суданци се сеќаваат на воените преврати во претходните години.

Граѓаните на Судан веќе три месеци бараат смена на власта, која ја обвинуваат за лошата економска ситуација во земјата, каде има недостиг на гориво и често поскапување на основните намирници.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска