Во Средоземно Море за 48 часа спасени околу 5.700 мигранти

Од:

Околу 5.700 луѓе се спасени, а 14 тела се извлечени од Средоземно Море при спасувачките операции во последните 48 часа.

– На пристаништетот во Неапол утрово беа донесени 453 мигранти и тело на бремена жена, изјави портпаролката на италијанското Министерство за надворешни работи Герарда Панталоне.

Во последните 24 часа околу 3.300 мигранти и седум тела биле донесени до петте пристаништа во Сицилија.

Италијанската крајбрежна стража синоќа соопшти дека вчера координирала 20 операции за спасување на 2,400 луѓе. Еден ден претходно во 24 спасувачки мисии биле спасени околу 3.300 мигранти.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто