Во Словачка, првпат по 10 март, без ниту еден случај на новозаразени со Ковид-19

Од:

Во Словачка во претходното деноноие не е евидентиран ниту еден нов случај на заразен со коронавирус, што е првпат по 10 март, покажуваат владините податоци.

Во таа централноевропска држава со 5,5 милиони жители, со новиот коронавирус заразени беа 1455 лица, од кои 26 пациенти починаа, а досега оздравеа 919 граѓани.

Во средата, Владата повторно ги отвори сите продавници кои се надвор од трговските центри, како и хотелите, музеите, галериите и туристичките атракции на отворено и дозволи одржување верски служби и венчавки со ограничен број гости.

Сепак, училиштата и натаму се зтаворени, а не е можно ниту патување надвор од границите. Сите кои од странство доаѓаат во Словачка мора да минат 14 дена во државен карантин.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина