Истакнатиот командат на бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК), Фехман Хусеин, познат под името Бахоз Ердал, е убиен при бомбашки напад во градот Камишли во североисточниот дел на Сирија, јави турската агенција Анадолија.
Според иститот ивзор, кој се повикува на претставник на ПКК во Сирија, Хусеин загинал синоќа при експлозија на автомобил-бомба, која била активирана додека крај неа минувало возилото со кое патувал курдскиот командант. При нападот загинале уште осуммина негови соработници и телохранители.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.
Хусеин се наоѓаше на листата на најбарани терористи на Министерството за внатрешни работи на Турција.