Во Сирија и Ирак војуваат 30.000 странски борци

Од:

Американските разузнавачки служби проценуваат дека речиси 30.000 странски борци од 2011 заминале за Сирија и Ирак, многу од нив за да се придружат на џихадистите на Исламска држава.

Тој број што опфаќа и голем број луѓе од Западот, меѓу кои и околу 250 Американци, двојно е поголем во однос на минатогодишната проценка на американските власти.

„Њујорк тајмс“ бројката од 30.000 странски борци ја објави повикувајќи се на анонимни „разузнавачки и полициски претставници“.

Се очекува во вторник да биде објавен извештај на комисијата на американскиот Конгрес за приливот на странски борци во Сирија и Ирак, што би требало да покаже дека нивниот број расте и така да укаже на тоа дека едногодишните воздушни удари на коалицијата на чело со САД не го забавиле темпото на регрутирање нови борци на ИД.

Освен воздушните напади на коалицијата на положби на ИД, Пентагон исто така воспостави 500 милиони долари вредна програма за обука на „умерени“ сириски бунтовници.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија