Во Сингапур рекорден број на новозаразени, главно мигрантски работници

Од:

Сингапур има 942 нови случаи на заразени со коронавирус, што претставува нов дневен рекорд, а големо мнозинство од заболените се мигрантски работници мигранти кои престојуваат во домови.

Властите успеаја да го спречат ширењето на вирусот САРС-КоВ-2 и респираторната болест Ковид-19 со многу темелни мерки за надзор и следење контакти, за што добија пофалби од Светската здравствена организација (СЗО).

Министерството за здравство денеска извести за само 14 нови случаи меѓу Сингапурците и жителите со дозвола за траен престој, но болеста брзо се шири во големата заедница мигрантски работници. Поради недостаток на сеопфатни мерки за изолација во заедницата, властите сега ги засилија тестовите во домовите каде што живеат овие работници.

Сингапур, кој е делумно под мерки за изолација, има вкупно 5.992 заразени лица. Од тежок облик на респираторната болест починаа 11 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска