Во Шведска се зголемува поддршката за членство во НАТО

Од:

Поддршката за шведското приклучување кон одбранбената алијанса НАТО е во пораст, покажуваат резултатите од најновото испитување на јавното мислење што го спроведе институтот Сифо.

Но, и понатамумнозинство шведски граѓани се против членство во НАТО – 32 отсто го поддржуваат зачленувањето, во споредба со 23 отсто испитаници кои се изјаснија „за“ во 2011 година.

Четириесет отсто Швеѓани во моментот се против членството во Алијансата, за разлика од 50 отсто кои се изјасниле негативно во 2011 година.

– Се чини дека приврзаниците на НАТО ги поместиле понапред своите позиции, констатира шведскиот професор по политички систем Улф Бјерлед. Коментирајќи ги резултатите од најновите сондажи, шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд вели дека порастот на поддршката сепак не е доволен за неговата Партија на Модератите, која е носител на владејачката коалиција, активно да се заземе за ова прашање.

– Не, мое мислење е дека тоа бара и Финска да се движи во ист такт, а таму шестпартитната калиција вели дека прашањето околу членството на НАТО не е актуелно во текот на сегашниот мандатен период, вели Рајнфелд.

Меѓу нордиските земји Шведска и Финска имаат неутрален статус во однос на воено-политичките блокови и алијанси, додека Норвешка и Данска се членки на НАТО.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина