Во Шпанија уапсен шефот на најголемата руска нарко група „Кемерово“ која оперира во Естонија

Од:

Шпанската полиција денеска соопшти дека го уапсила шефот на „најголемата руска организација за шверц со наркотици во Естонија“, кој се криел во јужна Шпанија и спиел со секира под перница од страв да не биде убиен, пренесоа француските медиуми.

Операцијата за разбивање на криминалната група „Кемерово“ била извршена на 2 август истовремено и во една бања во Андалузија и во естонската престолнина Талин, каде биле фатени уште тројца шефови на групата, пренесува БТА.

Шпанската истрага утврдила дека шефот на организацијата Јачеслав Гулевич (57) бил фатен во летувалиштето Михас, во провинцијата Малага. Тој бил десната рака на нејзиниот претходен лидер Николај Таранков, кој беше убиен во септември минатата година во Талин, се наведува во соопштението на националната полиција и Цивилната гарда.

Естонските власти веќе две години ја истражувале оваа руска организација, што се занимавала со шверц на оружје, наркотици, со рекет, проституција и шверц на луѓе. Во неа, меѓутоа, избувнала внатрешна војна, кога Таранков „ ја повлекол својата поддршка за друг член на групата, Виктор Воробеј, кој дотогаш го контролирал пазарот на амфетамини во Естонија, но „загубил“ стока вредна еден милион евра“.

Шпанските полициски органи во своите соопштенија го посочуваат Воробеј како нарачател на убиството на Таранков, кој со куршум во главата бил застрелан во септември 2016 година во Талин. Поради тоа Гулевич стравувал дека и нему му е редот да стане жртва на израмнувањето сметки и затоа се префрлил во Шпанија.

Во неговиот дом во Михас полицијата открила секира и голем нож, сокриени под перницата. Неговите стравувања не биле без причина. Во јуни во Каталонија беше фатен еден од платените убијци на групата и се наликувало дека „тој е во Шпанија за да го најде Гулевич и да го убие“, наведе Цивилната гарда.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски