Во Шпанија уапсен еден од десетте најбарани бегалци на ФБИ

Од:

Шпанската полиција соопшти денеска дека во Мадрид уапсила Новозеланѓанец осуден на доживотен затвор во САД за сексуални злосторства и педофилија, и посочи дека тој е меѓу десетте најбарани бегалци на американското Федерално истражно биро (ФБИ).

Полицијата соопшти дека 40-годишниот Новозеланѓанец е уапсен откако вчера бил забележан во хотел во центарот на Мадрид, каде отседнал под еден од лажните идентитети кои ги користел за да не биде фатен.

Полицијата не го соопшти целото име на бегалецот, туку само неговите иницијали „МЈП“.

Станува збор за еден од „десетте најбарани бегалци“ на ФБИ за кои е издадена потерница од 100.000 долари, додаде полицијата.

Според извори блиски на случајот, станува збор за Мајкл Џејмс Прат, осуден на доживотен затвор во САД поради детска порнографија, сексуална експлоатација, сексуален напади и незаконско богатење.

Според сајтот на ФБИ, тој преку мали огласи за работа во манекенство регрутирал неколку девојки и жени во САД и Канада меѓу 2012 и 2019 година и ги принудувал на сексуални дејствија.

Обвинетиот, сопственик на една продукциска ќуќа и порнографски сајтови, ги објавувал видео снимките и на тој начин стекнал околу 17 милиони долари. Прат побегнал после изрекувањето на пресудата и за него од 2019 година е издадена меѓународна потерница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ФБИ доби дојава: Можна одмазда за обидот за атентат врз Трамп

ФБИ објави нови детали за обидот за атентат врз Трамп

ВИДЕО: Гневните жители на Барселона ги прскаа туристите со вода

(ВИДЕО) Сурова и брутална традиција: Шестмина повредени на првиот ден од трките со бикови во Памплона

Катерина Ѓуровски

Голем протест против масовниот туризам во Малага

Горан Наумовски

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија