Во САД уапсен Албанец кој планирал терористички напади

Од:

Албанецот Фабијан Аламети, кој планирал да се приклучи на џихадистичката грипа Исламска држава (ИД) и да изврши терористички напади во САД, е уапсен во американската сојузна држава Монтана.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го следело Аламети уште од минатата година, кога на Фејсбук објавил коментар дека ја поддржува ИД.

Со него контактирал еден доушник на ФБИ на кого Аламети му раскажал дека сака да се приклучи на ИД и да се бори во Ирак и Сирија. Исто така, му рекол дека сака да изведе напад на американска територија, притоа како потенцијални цели споменал воени објекти, регрутни центри, владини згради, геј клубови и синагоги, објави Ен-Би-Си.

Кога слушнал за масакрот во Нов Зеланд, тој од доушникот побарал да му испрати видео снимка, а потоа му рекол дека сака да нападне случајни мунивачи за да се „одмазди со крв“ за настраданите во џамиите во Крајстчрч.

Аламети е уапсен на едно стрелиште, каде што изнајмувал пушка, по што веднаш бил изведен пред Суд под обвинение за илегално поседување огнено оружје.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски